„На средбата Мицкоски ја истакна својата загриженост за актуелната политичка и економска состојба во која се наоѓа државата, дека таа секојдневно станува полоша поради високиот степен на криминал и корупција од страна на оваа власт и даде особен осврт за катастрофалната состојба во која се наоѓа економијата“, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Воедно, Мицкоски ја истакнал својата благодарност кон организацијата Македонија2025, за поддршката која таа со своето делување ја дава на бизнис-секторот и генерално на државата, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија во која има сериозна заложба и за идна поддршка и соработка.






