вторник, 10 февруари 2026

Мицкоски: Ја затворам темата уставни измени

Објавено на

часот

Сподели

„Изминатите две недели бевте сведоци на жестока хајка од власта, на море од дезинформации, лажни етикети. Тоа беше нервозата со која власта на ДУИ и СДС ни кажа дека е совршено јасно дека немаат план за заштита на Македонија освен да продолжат да го бараат истото она што го бара и Бугарија од нас. Ова нивно однесување го препознав. И точно знаев дека не сакаат договор и дека ќе се вплеткаат во лаги, во недостиг на храброст да се соочат со народот и она што народот го бара. Јас дадов два предлози за излез кои се базирани пред се на заштита на националните интереси, нашиот идентитет и јазик и кој воедно содржат и гаранции за продолжување на нашата европска иднина. После две недели, одбегнување од нивна страна да кажат кој предлог тие го одбираат, јасно е дека ја отфрлија историска шанса за иднината Македонија, одбраа да работат за себе туркајќи бугарски диктат“, истакна Мицкоски.

Тој посочи дека изборите се излезот и лекот на оваа, како што рече „криминална и коруптивна гангрена наречена ДУИ со подизведувач СД ќе биде жестоко поразена од народот“.

„Воедно сакам да посочам дека наредните избори нема да бидат само порака од народот за тоа што тој мисли за уставните измени, туку многу повеќе од тоа, порака од народот за оваа власт што тој мисли за реалниот живот кој е тежок, сиромашен, и многу несигурен“, истакна Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ