„Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија од ден во ден тоне, граѓаните стануваат се посиромашни, а власта не е способна да им помогне на граѓаните и бизнисот за време на кризата.
На средбата, Мицкоски потенцираше дека власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите, наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија.
Мицкоски истакна дека Македонија премногу стои во место, власта ја доведе земјава во безизлезна состојба и затоа се потребни итни чекори и решенија, а за тоа да се случи неопходни се предвремени парламентарни избори.
На средбата беше потенцирана соработката, поддршката и заложбите кои Европската Унија и ги пружа на Македонија и беше посочено дека тоа мора да продолжи и понатаму со зголемен интензитет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.






