недела, 8 јуни 2025

Малите бизниси летово да работат и во неделите и за празници, бара Алтернатива

Објавено на

часот

Сподели

„Врз основа на измените на Законот за трговија и Законот за работното време, ѝ предлагаме на Владата да ги земе предвид трговците и еснафот и економската криза што ги зафати. Бараме Владата да донесе одлука за да дозволи работење во недела и за време на државните празници во текот на летната сезона, односно од 1 јули до 31 август.

Сметаме дека ваквиот чекор неизмерно ќе им помогне на малите бизниси, но и на иселениците за време на нивниот престој во земјава.

Алтернатива отсекогаш била блиску до иселениците, до нивните потреби и барања, а тоа го докажавме со многу иницијативи и проекти за време на раководењето со Министерството за иселеништво.

Сметаме дека Владата на Северна Македонија треба да направи сè што е во нејзина надлежност за да ѝ помогне на дијаспората, но и да создаде услови иселениците да го помогаат локалниот бизнис“, се вели во соопштението на партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ