„Терористите поразени, молеа за мир и амнестија, принудени потпишаа Охридски рамковен договор. Македонските бранители го обезбедија патот на Македонија кон нашата полна интеграција во НАТО и ЕУ.
Амнестираат победниците, амнестирани се губитниците. Тезата дека терористите добиле што сакале не е издржана за војната во 2001 година. Па по таа логика и Германците се победници во Втората светска војна, бидејќи имаат силно влијание во ЕУ, економија и цел свет вози нивини автомобили.
Мора да научиме да победуваме.
Како што знаеле нашите Илинденци, нашите АСНОМ-ци, нашите бранители да победуваат, така ќе победуваме и ние, обединителите. Тие под паролата Слобода или смрт, ние под паролата Победа или победа.
Со влегување на нашата партија во Собранието, овој ден ќе биде прогласен за државен празник, а ќе бидат забранети партиски прослави со народни пари“, соопшти Македонски концепт.