„Сега нема потреба од предвремени избори, има потреба од работа од менаџирање на кризата, реализација на мерки и проекти од Програмата на Владата. Барањето за предвремени избори во овој момент е една несериозна иницијатива од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се наоѓаме во кризен период и еден вид на непочитување на државата ако било кој политички субјект сега бара предвремени избори”, истакна Лукаревска.
Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката влада, заменик претседетелката на СДСМ оцени дека со таквиот потег, опозицикста партија потврдува дека државата, институциите спроведуваат фер, слободни и демократски избори.
„Техничката влада дојде како последица од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ова барање од страна на ВМРО-ДПМНЕ да се укине техничката влада покажува дека и таа партија знае дека државата, инистуциите знаат и можат да спроведат фер, слободни и демократски избори и тоа го покажуваат сите релевантни извештаи кои покажаа дека и парламентарните и локалните и претседателските избори беа фер и слободни а ВМРО-ДПМНЕ не ги оспори тие извештаи”, порача Лукаревска.
Таа додаде дека парламентарните избори ќе се одржат во редовниот термин, во 2024 година.