Лукаревски оцени дека како одредена власт или политичка опција се однесува кон културата, тоа го дефинира и нејзиниот однос кон вредностите и уште поважно кон иднината на земјата.
„Нашиот концепт е за европски вредности и европска држава, нашиот концепт е за европска култура. И тоа е уште една суштинска разлика со концептот на опозицијата за изолација, заробена држава и заробена култура“, рече Кукаревска и додаде дека „немаше сегмент од културата којшто ДПМНЕ не го остави во катастрофална состојба“.
Лукаревска рече дека СДСМ во изминативе години вложува во сите сегменти на културата и вложи во подобрување на условите за работа и унапредување на животниот стандард на вработените во културата.

„Платите во културата се зголемени за околу 120% споредбено со времето на владеење на ДПМНЕ. Презедовме мерки да го заштитивме и да го промовираме нашето културното наследство, идентитет и традиција. Со политиките на СДСМ македонскиот јазик, култура и посебност се на исто рамниште со европските јазици. Со државничките одлуки што ги носиме, потврдивме и осигуравме и европско и светско признание на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Ова беше година на заштита на македонскиот јазик. СДСМ е горд за се она што го има направено за заштита, унапредување и признавање на македонскиот јазик, рече Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“.






