понеделник, 9 февруари 2026

Левица: Владата во преговорите со Бугарија го спрема последниот чин на демакедонизација

Објавено на

часот

Сподели

„Ова го потврди и министерот Бујар Османи, кој јавно изјави дека има изготвено документ кој Македонија е спремна да го прифати, но дека се чека одговор од бугарската страна. Ако се земе предвид и за тоа дека веќе неколку членови од Историската комисија поднесоа оставки, веројатно Владата го спрема последниот чин од нејзиниот процес на демакедонизација.

Недостапноста на овој документ, прифатлив за Владата на ДУИ и СДСМ, покрај тоа што најавува ново велепредавство, укажува и на спремноста од нивна страна истиот да го протуркаат што е можно потивко и што е можно поскоро, за да се избегне негодувањето и притисокот од јавноста.

Патем, уште позагрижувачки е фактот што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави спремност да разговараат во насока на нова промена на македонскиот Устав.

Очигледно е, политиката која ја води владејачката елита и барањата кои ги има народот целосно се спротивставени. Левица речиси цела година повикува на прекин на преговорите под покровителство на Вашингтон и Брисел кои ги води нелегитимната Влада.

Ново национално велепредавство, не смее, не може и нема да помине“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ