„Темелко Ристески, наместо како претседател на Партијата на пензионерите да ги застапува нивните интереси, излезе со став дека линеарното зголемување на пензиите не било правично и дека треба тие со поголеми пензии да имаат поголемо зголемување, бидејќи плаќале поголема придонеси во ПИОМ.
Инаку, Ристески важи за верен владин апологет, кој стана познат за јавноста кога се обзнани негов извештај до Министерството за одбрана, каде меѓу платените активности, се и пропагандни текстови за власта на СДС.
Оттука, јасно е дека претседателот на партијата која што, не само што треба да ги подржи барањата на пензионерите – туку треба и да ја предводи нивната борба – наместо да застане рамо до рамо со пензионерите кои што протестираат, очигледно се бори за лични интереси, а не за интересите на сите пензионери“.
Левица јавно го прашува Ристески дали тој би издржал еден месец со минимална пензија, како што преживуваат мнозинството пензионери?
„Како партија која се бори за социјална правда, го поддржуваме денешниот протест на пензионерите и ги повикуваме и останатите граѓани да се придружат на заедничката борба за достоинствен живот на сите“, соопшти Левица.
Денеска пензионерите протестираат во Скопје, пред седиштето на Сојузот на здруженија на пензионери, а потоа ќе се упатат кон Министерството за труд и социјална политика каде ќе бараат средба со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Пензионерите бараат линеарно зголемување на пензиите, а минималната пензија да биде еднаква на минималната плата.






