сабота, 6 декември 2025

Левица: Османи да ги осуди воените злосторства на Израел

Ние како угнетен народ, не смееме да премолчиме кога и други народи се угнетувани исто како нас. Не можеме да сме анти-империјалисти, а да не покажеме солидарност кон палестинскиот народ во овие моменти. Со паролата пред МНР, го повикуваме Бујар Османи да ги осуди воените злосторства од страна на Израел, се вели во соопштениетп на Црвена младина на Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Македонците и Палестинците имаат слична, трагична судбина, благодарение на заедничкиот душман – британската држава, која е директен виновник за страдањата на овие два народа и историската неправда која ја трпат.

И во Македонија и во Палестина се извршени два егзодуси, едниот за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 – 1949 година, кога било протерано македонското население од Егејска Македонија и бил извршен геноцид врз Македонците кои учествувале или го помагале комунистичкото движење. Другиот во Палестина кој трае од 1948 година, а кулминира денес со геноцидот од страна на Израел.

Егејците убивани со напалм бомби на британските пилоти, а Палестинците се оставени на милост и немилост и соочени се со недостиг на вода, струја, интернет и масовно бомбардирање.

Го повикуваме Бујар Османи да ги осуди воените злосторства од страна на Израел, се вели во соопштението на Црвена младина на Левица која пред зградата на МНР истакнаа и парола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ