петок, 26 декември 2025

Левица: Најнечовечна одлука е кратење од платите на негувателките во градинките

Објавено на

часот

Сподели

„Како да не беше доволно што вршеа притисоци, упатуваа закани и уцени, беа издавани списоци и директорите царуваа со нивните познати методи за на крај да им се одмаздат на најкревките, тие што ги чуваат нашите дечиња кога се најмали. Како ќе продолжи штрајкот со вакви подмолни постапки и како ќе се осмелат да дигнат глас тие што се најзагрозени? Цените во продавниците се зголемија повеќекратно, а платите останаа исти. Владата ја интересираат само ‘проекти’ од кои се полнат нивните џебови, не ја интересира обичниот човек и неговите маки“, соопшти Левица.

Од партијата наведуваат дека наместо веднаш по најавата за штрајк да седнат на маса и да се обидат да ги исполнат барањата на работниците, Владата смислуваше секакви изговори за инфлации, пропусти во образованието, револт на родителите и незнаејќи што да направи следно, одлучи да ги казни негувателките во градинките.

„Неисплаќањето на плата за време на штрајк е најнечовечното нешто што не смее да го направи ниту една Влада. Пораката која им се испраќа на работниците е дека ќе има санкции за сите што ќе штрајкуваат во иднина, иако правото на штрајк е уставно загарантирано право на работникот.
За да биде иронијата поголема, ваквото поведение го промовира токму Министерството за труд и социјална политика, министерство надлежно да ги штити и унапредува работничките права и да биде праведен арбитер и креатор на социјалните политики во државава. Продолжете така, но не заборавајте колку повеќе нè угнетувате толку сме посилни!“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ