„Тројцата советници од Левица во Центар, побараа од службите на Општината информација дали е издадено одобрение за градење, каде што добија негативен одоговор. Значи или некој гради без правосилна дозвола, при што инспекцијата затаила, или некој безочно лаже.
Наместо Герасимовски да иницира нов ДУП, медиумите објавија дека во април е издадено првото решение за градење, од кое ќе се офајдат компаниите Голден арт и Мега акустик. За овој простор се води истрага за можен криминал при денационализацијата, криминал од сериозни размери со кој се оштетени како стечајците, така и општината.
Јасно е дека и СДС и ДПМНЕ работат единствено за профитот на градежната мафија, на штета на сите граѓани на Општина Центар“, соопшти Левица.






