„Значи клучен интерес на Македонија, како мала држава, е во вакви конфликти на големи сили да задржи неутралност. Ситуацијата е многу јасна: ако ние за тие цивили кои гинеле осум години сме немале реакција, немаме сега морално право да донесуваме Декларација за жртвите кои сега се случуваат во војна.
Поради горенаведеното, оваа Декларација е еднострана, го немаме моментот од 2014 година, од насилното уривање на власта во Украина, немаме осум години убивање на цивили, го нема нивното константно кршење на права во источна Украина. Пример е дека еден ден беше забранет рускиот јазик, беа подложни на асимилација и на крај, улогата на НАТО како главен провокатор и воен хушкач во оваа ситуација.
Токму заради таа едностраност не ја поддржавме оваа Декларација“, соопшти Левица.






