понеделник, 15 декември 2025

Левица: Дали само на Мерко му е местото на црните листи?

Објавено на

часот

Сподели

Тој и таков Рамиз Мерко го има оформено и Меѓународниот универзитет во Струга, познат како ‘универзитетот на Мерко’ кој очигледно го оправдува таквото име бидејќи се зборува дека на истиот се штанцаат дипломи, и тоа не какви било – туку за функционери и државни службеници, па дури и за министри, па дури и за министри за образование.

На споменатиот универзитет егзистираат факултети од областа на економијата, правото, политичките науки, информатички технологии и- како цреша врз шлагот – Факултет за здравствени науки!

Не е најстрашно што Мерко има универзитет, туку што МОН го има акредитирано истиот. Единствениот просветен инспектор кој се дрзна да ја доведе истата во прашање експресно беше суспендиран и деградиран, па пензиониран. Тоа што актуелниот министер за образование, Јетон Шаќири, е токму кадар од овој ‘престижен’ универзитет, секако зборува во прилог на „квалитетот“ што се продуцира таму и се шири низ државните институции.

Токму Шаќири прв се огради од Меркоm па единствен од функционерите на ДУИ побрза да ја поздрави одлуката на американската амбасадорка за ставање на Мерко на ‘црната листа’ на САД.

Не многу одамна Артан Груби како врв на цинизмот на ДУИ од ‘универзитетот на Мерко’ даде изјава дека епицентарот на животниот успех е во универзитетите. Ако се земе предвид процентот ‘успешни’ кадри на ДУИ на државни функции и со буџети за тендери, тогаш дал вистинска изјава од вистинско место.

Дали само на Мерко му е местото на црните листи?

Дали советничињата на СДСМ и натаму ќе продолжат да му дуваат ветар во едро на Мерко кревајќи прстенца за поддршка на сите негови скандалозни проекти?

Дали е ова поддршка од мецените за вовед во предизборната трка на ДУИ“, се вели во соопштението на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ