недела, 14 декември 2025

ЛДП: Нацинализмот носи само конфликти и омраза

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа фотографија поставена на официјалниот профил на градоначалникот на Тетово, Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук, претставува елементарно непочитување на вообичаените дипломатски протоколи за посета на премиер во друга држава, со што се нарушува државниот интегритет и суверените на Република Северна Македонија при посетата на премиерот на Косово Албин Курти на две опозициони албански партии и на една нерегистрирана политичка групација“, додаваат од ЛДП.

Според ЛДП национализмот не носи ништо и никому добро во мултиетничко општество, а е извор само на конфликти и омраза.

„Да работиме на заедништвото, да се држиме до работи кои нè зближуваат, да градиме општество на еднаквост, силна економија и подобар живот за сите“, порачуваат од ЛДП.

ЛДП

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ