среда, 10 декември 2025

ЛДП бара доживотен затвор за убијците на Вања и Панче

Со огромна тага и неверување изразуваме сочувство за семејствата на Вања и Панче, двајцата невини луѓе чии животи беа одземени на грозоморен начин и бараме да се изрече доживотна казна затвор за сторителите на овој чин, соопшти Либерално демократската партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Надлежните институции, Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство работеа интензивно и професионално во насока на целосно расветлување на случајот и ги пронајдоа сторителите на ова грозоморно злосторство, со што покажаа посветеност и професионалност на високо ниво.

Токму од тие причини, апелираме случаите да не се политизираат и преку нив да не се собираат политички поени, туку да се остават органите на прогон да ја вршат својата должност на висина на задачата.

Дополнително, апелираме и да не се шират дезинформации во врска со случаите, со цел да ги заштитиме фамилиите на починатите“, велат од партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ