„Станува збор за реномирана компанија која произведува електронски компоненти за светки познати автомобилски брендови, во телекомуникациите, медицината, зелена енергија…
Ова е потврда, економските политики на Ковачевски и СДСМ, членството во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ донесоа стабилност и предвидлива деловна клима.
Со СДСМ македонската економија успешно ја преброди глобалната енергетска криза и стана уште поатрактивна за странските инвеститори.
Освен приливот на свеж капитал во македонската економија се отвораат и нови, добро платени работни места, се воведуваат иновативни технологии.
Заврши времето кога нашите работници беа промовирани како евтина работна сила, како што тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Затоа растат и платите. Во време на светска економска криза СДСМ ја зголеми минималната плата на 20.175 денари, додека просечната достигна над 34.000 денари. Неспоредливо со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога минималната плата беше едвај 8.000 денари.
Како одговорна политичка партија, ние продолжуваме со реализација на мерки и решенија што македонската економија ја прават поконкурентна. 2023 година е година на економско закрепнување и нов економски напредок“, рече Кузеска.
Кузеска: СДСМ ја донесе најголемата странска инвестиција досега

Објавено на
часот