„До СВР Куманово нема доставено пријава од страна на општина Куманово во врска со поставена плоча во село Сопот. Од страна на СВР Куманово извршена е проверка при што во моментот на пристигнување на полициските службеници на самото место таква плоча не е забележана“, соопштија од СВР Куманово.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за МКД.мк изјави дека досега Општината не добила пријава за поставена плоча, ниту за постоење на музеј на УЧК, но нагласи дека по извршениот увид на терен е утврдено дека станува збор за дивоградба изградена на државно земјиште и најави дека процедурата за уривање ќе ја тера до крај. Димитриевски рече очекувал случајот да биде пријавен од полицијата, бидејќи, како што рече, таму, во близината на градницата со Србија поминуваат само гранични полицајци во мешовит етнички состав. Тој рече дека МВР треба да постапи и да поднесе кривична пријава за дивоградбата и најави можност тој да поднесе пријава до обвинителствотоќе се исцрпат процедурите за вакви случаи на дивоградби. за утврдување на непознатото лице кое стои зад изградбата на дивоградба на државно земјиште.






