„Спасовски овде го излажа народот. Вистината е следна. МВР знаело на 24 ноември, дека возилото на сега убиениот, а тогаш исчезнат Панче, е исчезнато уште од 22 ноември односно 5 дена пред убиството на Вања.
Ова е телеграма од СВР Велес до сите СВР на територија на Македонија, а во која се нотира дека лицето Панче Жежовски заедно со својот автомобил, а тоа е автомобилот со кој била киднапирана Вања, е пријавен за исчезнат од страна на член на неговото семејство на 24 ноември.
Оваа телеграма е доказ дека МВР на Спасовски знаела дека возилото на Панче е исчезнато уште од 22 ноември, но за жал не преземаат ништо. Напротив, полицијата по однос на овој случај презема акција 4 дена откако е пријавено исчезнувањето, т.е. на 28 ноември, што е датум кога е испратена оваа телеграма.

По оваа прес конференција очекуваме врвот на МВР да преземе одговорност, затоа што доколку навреме реагирале уште на 24 ноември и објавиле централна објава по возилото, убијците на Панче ќе биле пронајдени, а Вања можеби ќе беше спасена.
Спасовски и врвот на МВР мора да преземат одговорност, за случаи како овој никогаш да не се повторат. Криењето на овој податок има само за цел амнестија на Спасовски и врвот на МВР од политичка одговорност и ништо друго“, изјави Ковачки.






