недела, 14 декември 2025
ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Како внукот на Ахмети станал прв секретар во амбасадата во Брисел

Објавено на

часот

Сподели

„Младиот Ахмети, покрај тоа што станува прв секретар во амбасадата во Брисел, додека Али Ахмети е пратеник и лидер на ДУИ, тоа го прави со само 10 месеци стаж.

Имено Бесиан Ахмети на 16 мај 2022 година е вработен во Министерството за економија, на работна позиција помлад соработник за мониторинг и следење на договорите за концесија за минерали, за 10 месеци подоцна на 16 март годинава да биде именуван за прв секретар во амбасадата во Брисел.

Бесиам Ахмети е преземен по пат на интерен оглас, на кој се пријавил, и работното место од економија го заменил со тоа во МНР.

Иако упатувањето во ДКП на Македонија во странство се врши врз основа на спогодба меѓу МНР и соодветната институција, сепак дипломатското звање го дава МНР, согласно член 78 во врска со чл 95 од Законот за надворешни работи, во случајов на помлад соработник одговара дипломатското звање „аташе”, додека на советник и раководител на одделение одговара дипломатското звање „прв секретар”.

ДКСК има основа за постапување за утврдување на партиско влијание и непотизам, како и за незаконско постапување од МНР Бујар Османи во именувањето на Бесиан Ахмети за прв секретар во ДКП во Брисел по само 10 месеци поминат стаж во економија како помлад соработник, на што одговара дипломатското звање „аташе”, односно за унапредување 3 скалила одеднаш.

Како Османи го назначил младиот Ахмети за прв секретар на амбасадата во Брисел без истиот да ги исполнува потребните услови?

Покрај ДКСК, очекуваме одговори од Османи, но и од Ковачевски, за кого се надеваме нема да молчи како за Мерко и за првиот внук на Ахмети“, изјави Ковачки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ