недела, 11 мај 2025
Претседателката на Косово на среди со премиерот и спикерот на парламентот

Ковачевски и Џафери на средбата со Османи констатираа одлични односи меѓу Македонија и Косово

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Ковачевски упати честитки за одобрената визна либерализација на Косово и посочи дека Македонија ќе продолжи и понатаму активно да ги поддржува евро-атлантските аспирации на Косово и членството на земјата во регионални и меѓународни организации.

Со цел продлабочување на соработката, беше изразена подготвеност за организирање на втора заедничка седница на владите на двете земји, каде се очекува да се потпишат нови билатерални договори во повеќе области.

„Осврнувајќи се на дијалогот меѓу Косово и Србија, премиерот Ковачевски потенцираше дека Северна Македонија ги поддржува напорите на Европската Унија во процесот и ги охрабрува двете страни за натамошен продуктивен дијалог во насока на зголемување на довербата“, се вели во владиното соопштение во кое се додава дека на средбата во состав на македонската делегација присуствуваа првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска, министерот за правда, Кренар Лога и амбасадоркста на Република Северна Македонија во Република Косово, Шпреса Јусуфи.

џафери вјоса
 
Во соопштението од Собранието се вели дека претседателот Џафери изрази задоволство од одличните билатерални односи меѓу Македонија и Косово на сите полиња и големиот интензитет на меѓусебни средби на високо политичко ниво.
 
 
Пријателските односи се пресликани и во плодната и фреквентна соработка на Собранието на Република Северна Македонија и Собранието на Република Косово, се вели во соопштението од кабинетот на Џафери. 
 

„Собранието на Република Северна Македонија ги ратификуваше трите договори за меѓусебно признавање на личните карти, универзитетските дипломи и професионалните квалификации меѓу земјите од регионот. Претседателот Џафери го поздрави постигнатиот договор за прифаќање на предлогот на ЕУ за нормализирање на односите меѓу Kосово и Србија и нагласи дека како претседавачи со ОБСЕ, сме подготвени да ја помогнеме имплементацијата на одредени делови од договорот. Информираше дека земјава од 1 јули годинава ќе го преземе претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа, каде што на еднаква основа учествуваат сите земји од регионот“, се вели во соопштението.

Османи Садриу се обрати во македонскиот парламент. 

џафери вјоса

Покрај за политичката и економската соработка меѓу двете земји претседателката потсети и на едно друго, воено време на Балканот и се заблагодари за солидарноста на Албанците и на граѓаните во Македонија, кои, како што рече, ги отворија срцата и своите домови каде многу косовски граѓани добија дом или засолниште „во темните денови од времето на Слободан Милошевиќ во 1998 и 1999 година“.  

Косовската претседателка подвлече дека албанскиот народ кој живее во Македонија е и секогаш ќе остане силен мост на поврзување помеѓу двете држави и го подвлече нивниот придонес во, како што рече, „формирањето на Република Македонија и сега за нејзината европска перспектива“.

„Тие се опфатени во раководни позиции, имајќи поголем пристап во државните институции, но секогаш има место да се направи повеќе“, рече Османи Садриу.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ