Договорот го потпипа и директорот на училиштето Горан Карафилоски, а проектот има за цел да ја подобри средината во која децата учат, преку реновирање на прозорците, вратите и тоалетите на училиштето.
Амбасадата информира дека преку оваа грант програмата за мали проекти Јапонија има реновирано и обезбедено опрема за преку 57 јавни здравствени институции, 70 училишта и градинки, како и за набавка на 31 специјализирано возило за управување со отпад за 49 македонски општини.
„Јапонија ја поддржува Северна Македонија во различни сектори, континуирано во инфраструктурен развој, подобрување на здравствените услуги, образованието, животната средина, култура, помош при природни катастрофи и бегалски кризи како и итна помош која изнесува повеќе од 422.3 милиони евра, како и со друга нефинасиска помош“, соопшти Амбасадата на Јапонија.






