„Како и досега, во иднина Министерството за транспорт и врски ќе обезбеди еднаков пристап на сите медиумски работници за извршување на нивните работни задачи. Министерство за транспорт и врски, како организатор на настанот во соработка со ТАВ Македонија, обезбеди пристап на платформата според меѓународни безбедносни протоколи со ограничено движење. Ја разбираме реакцијата на медиумските работиници и уште еднаш упатуваме извинување за ненамерниот пропуст“, се вели во соопштението од министерството.
Здружението на новинари и Самостојниот синдикат на новинари реагираа дека на Скопскиот аеродром на новинарските екипи кои дојдоа по покана од Министерството за транспорт и врски, не им беше дозволено да се доближат до авионот и делегациите, а дека можност за снимање одблиску и земање изјави имале бугарските медиуми, но и непречено да работат снимателите ангажирани од македонската Влада и нејзините институции.






