„Имаат измешано буквално кажано баби и жаби, каде што определен број на вработени ставени се во група на минималец, иако пред тоа биле во други категории во други групи. На пример, минималецот кога беше 15.200 истите тие вработени сега што се ставени во минималец, имаа плата околу 17.000 денари, што значи коефициентот сегашен нивниот 1.877 треба да биде 2.362 и да им следува покачување на плата, како што следува и на другите. Тоа се категории на болничари, негуватели, возачи на брза помош, обезбедување коешто го имаат самите здравствени установи, а исто така во колективниот договор не се сложуваме што имаат пишано многу работи околу тие групи. Имено, вработените што се исто така во кујна и во перална се ставени во оваа категорија“, додаде Костовски, појаснувајќи дека нема слух кај одредени функционери од Владата, па пресот се однесувал повеќе на колективниот договор и на покачувањето на платите во здравство.
Костовски нагласи дека колективниот договор на ССМ и Владата, тие како Независен синдикат не го признавале и како што додаде, ќе гледале на секој начин таа грешка да ја исправат.
„Пред МИОА сме затоа што на 16 јули имавме поднесено барање за средба со министерот за да можеме овие грешки да ги исправиме. Меѓутоа, не добивме позитивен одговор за средба со министерот и затоа се решивме на еден ваков чекор, да ги бараме нашите права преку прес и преку протести и штрајкови“, рече Костовски.
Тој нагласи дека од Владата бараат 30 отсто покачување на платите од август, без никакви преговарања.
„Доколку тоа не се случи, наместо 30, да ни дадат 10 отсто, во септември ќе има жешка есен. Нека размислат дали ќе треба со нас да преговараат или да ни дадат без преговори 30 отсто како што дадоа на другите, или сакаат да влегуваме во конфликт. Нема проблем, самите нека си изберат, ние им стоиме на располагање. За вработените што се во здравство, жалосно е што ги оставија на крај. На граница се на егзистенција, на граница се со нервите. Да не мисли Владата дека здравствените работници се склеротични и дека не знаеме што се случува и дека забораваме“, порача Костовски.






