петок, 5 декември 2025

Главниот осомничен во акцијата „Синџир“ е во притвор, велат од Финансиска полиција и од обвинителството

Управата за финансиска полиција информира дека е во притвор главниот организатор на злосторничкото здружување со цел даночно затајување и перење пари во нивната акција на која ѝ е дадено името „Синџир“. И од Јавното обвинителство соопштија дека за уште едно осомничено лице од акцијата е определен притвор.

Објавено на

часот

Сподели

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

„Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување“, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена“, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Од Јавното обвинителство соопштија:

„Првоосомничениот во предметот ‘Синџир’ кој беше недостапен на органите на прогонот, е обезбеден и изведен пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Прифаќајќи го предлогот на предметниот обвинител со решение судијата му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Според наводите содржани во диспозитивит на наредбата за спроведување на истражна постапка, осомничениот е еден од тројцата организатори на злосторничкото здружение“.

Во акцијата „Синџир“ се осомничени 26 лица, од кои шест беа недостапни, а истрага е поведена за 28 фирми. Според досегашните сознанија на надлежните органи, станува збор за „испрани“ околу 8 милиони евра.​

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ