понеделник, 8 декември 2025

Гази Баба: Повеќе пари потроши за вработувања претходниот градоначалник

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението од Општината се вели дека лицемерието на политичката партија СДСМ го достигна врвот.

„Наместо да се обидува да манипулира со граѓаните, ја упатуваме Богданка Кузеска од СДСМ да се ифнормира од нивниот претходен градоначалник на општина Гази Баба Борис Георгиевски за тоа колку трошел за привремени вработувања. Денешниот договор за привремени вработувања е помал од оние во времето на претходниот градоначалник за околу 5 милиони денари.

Во периодот на владеењето на СДСМ со општина Гази Баба биле склучувани договори со лица кои никогаш не се појавиле на работа во општинската администрација, а примале плата од буџетот на општината со месеци.

Дополнително на оние кои биле со договор за привремени вработувања висината на платата им се определувала паушално и надвор од утврдената систематизација“, се вели во реакцијата и се додава дека ваквите појави во општина Гази Баба станаа минато.

Времето на незаконско работење во општина Гази Баба заврши.

На крајот се вели:: „Ги упатуваме СДСМ да се информираат од своите функционери зошто не даваат согласности за вработување во градинките, па мора општината од својот буџет да издвојува средства“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ