сабота, 20 декември 2025

ЕУ интеграцијата на Македонија и Црна Гора е од пресудно стратегиско значење, велат Османи и Кривокапиќ

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е процес кој е од регионален, па и поширок интерес, како важен инпут во создавањето на идната безбедноста архитектура и на Западниот Балкан и на Европа”, посочил Османи.

Разменувајќи мислење за војната во Украина, и последиците кои произлегуваат од неа, двајцата министри ја осудија воената агресија на Русија, потенцирајќи дека во прашање е еклатантна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и сериозна закана за сигурноста на Европа, соопшти МНР за дел од разговорите.

Средбата меѓу двајцата министри била остварена на маргините на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО во Берлин, на која Османи упатил честитки за формирањето на новата Влада на Црна Гора и за изборот на Ранко Кривокапиќ на функцијата министер за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ