понеделник, 8 декември 2025

ДУИ ѝ префрла на Вреди дека ветувала Европа, а донела „српски свет“

Вреди дојде на власт со големи ветувања и со строги рокови за уставните измени. Прво ветија дека тоа ќе се случи пред формирање на Владата. Потоа рекоа во првите 100 дена. Потоа во три месеци. На крај, во шест месеци. Денес, по една година, Албанците слушаат само оправдувања од Изет Меџити и неговите соработници дека „времето не било доволно“, се вели во денешното соопштение на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Вистината е едноставна: немаат ниту визија, ниту храброст, ниту политичка волја. Наместо уставни измени и европска интеграција, Вреди ја отвори вратата за опасни влијанија од Белград и Москва, ја поткопа Охридската рамковна спогодба, ја ослаби позицијата на Албанците и ја блокира европската иднина на државата.Оваа власт стана симбол на неуспеси и секојдневни скандали. Изборните измами станаа нивната единствена владејачка практика“, обвиниваат од ДУИ и ги набројуваат неисполнетите ветувања на Вреди.

„Ветија 2.500 работни места – граѓаните добија разочарување. Ветија финансиска поддршка за младите – граѓаните добија нула. Ветија национални проекти – го донесоа Иван Стоилковиќ како вицепремиер за имплементација на Охридскиот мировен договор. Ветија уставни измени и интеграција во ЕУ – донесоа партнерства со политичари што го пропагираат ‘српскиот свет’ “, наведуваат оод ДУИ.

Цитирајќи го поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, од партијата велат дека избегнувањето на дебатата за ЕУ и одбивањето на мониторинг-механизмите не се случајни – „тоа е стратегија за прикривање на корупцијата и неуспесите на оваа влада и за спречување на еднаквоста на Албанците“.

„Вреди се покажа како голема политичка измама и национален срам кој ја изолира државата и ги исклучува Албанците од одлучувачките процеси. Октомври ќе биде моментот кога граѓаните ќе кажат ‘доста’ на измамите, неуспесите и слепата послушност кон антизападните интереси.

Граѓаните заслужуваат достоинствено претставување и јасна европска визија, а не празни ветувања и смешни оправдувања. Во октомври, тие ќе ја манифестираат својата волја на народниот референдум. Никој нема да може да избегне од политичката и правната одговорност“, се вели во соопштението на ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ