понеделник, 8 декември 2025

ДУИ: ВМРО ДПМНЕ да се поклони во Слупчане и да ја преведе на албански јазик својата интернет страница

Објавено на

часот

Сподели

„Наместо секој ден да тоат во анти албански и анти европски сентимент, ВМРО ДПМНЕ треба да ја поддржи европска Македонија и уставните измени.

Наместо да се грижи за ДУИ, треба да се грижи за Северна Македонија.

Наместо Мицкоски да дава насоки на своите градоначалници да не издаваат дозволи за градба и потврди за законска легализација на Албанци, наместо да забранува доделување на работа на албански фирми, да им дозволи на своите пратеници да гласаат по своје убедување.

Наместо да вади ретки архивски слики во маскирна униформа со празен калашников и жени и деца во испраќање во воен рок, да ја преведе веб страницата на партијата и на албански јазик.

Наместо да повикува на војна сред Собрание, пред цела јавност, да покаже доблест и да се поклони пред спомен кулата во Слупчане“, се вели во реакцијата на ДУИ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ