„Кој го штити 15-годишниот монопол овозможен на бугарско-српско-македонска компанија за организација на игри на среќа, чија ‘пријавена’ добивка е просечно 15 милиони евра годишно? Кој од албанската опозиција лобираше за дополнување на законот во корист на казината? Законот е усвоен од Владата, очекуваме и пратениците веднаш да го поддржат“, наведува ДУИ.
Оддалечувањето на казината и обложувалниците, како и демонополизацијата на индустријата се политика и програма на Демократската унија за интеграција, но и на Владата усвоени во Собранието, нагласува партијата.
„Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на сплотеност на политиката со криминалот и камуфлираните.
Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво, нема да не спречи во нашата решеност да ги оддалечиме игрите на среќа подалеку од нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!
Нема да нѐ спречат блокирачките, клеветничките, негативните и навредливите кампањи, ќе продолжиме да ја рушиме секоја бариера пред нас“, пишува во партиската реакција.






