понеделник, 8 декември 2025

Демократски сојуз е за зголемување на минималната плата на 300 евра

Објавено на

часот

Сподели

„Во услови на инфлација и зголемување на цените на прехранбените производи, електричната енергија, гасот, услугите и сл., неопходно е да се води сметка за работниците со ниски плати, како и за пензионерите.

Воедно треба да се поддржат компаниите кои објективно не се во можност да остварат приходи за зголемување на минималната плата“, пишува во партиското соопштение.

Од Демократски сојуз потсетуваат уште во јануари 2016 година година, предлагале зголемување на минималната плата на 300 евра, но тогаш Парламентот не ги прифати предложените законски решенија.

„Очекуваме трипартитните преговори денес да завршат успешно, со што ќе се обезбеди минимална плата која ќе влијае и за зголемување на платите во целина, како и зголемување на пензиите согласно растот на цените и платите“, додаваат од партијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ