недела, 14 декември 2025

Демократски сојуз: Државниот врв со полициско обезбедување се криеше од народот

Објавено на

часот

Сподели

„Многу е несоодветно било кој да се споредува со илинденците или со партизаните и да се повикува на народот,  истовремено да се бега од народот или да се направи нешто што 80% од народот не го прифаќа.

Неспорно е дека членството во ЕУ е наш национален, стратешки и државен интерес, но токму државниот врв не заглави на тој пат со прифаќање на неприфатливи услови, со коленичење и сервилност, без консултации со народот, без стратегија и поширок политички консензус.

Доколку сакате да водите исправни политики, да спроведувате реформи и да создавате услови за подобар живот за сите граѓани, тогаш организирајте парламентарни избори.

Барајте поддршка, не бегајте, не се сокривајте од народот. Со политички блефови, театар, манипулации и злоупотреба на историските настани, нема да победите ниту ќе направите реформи, а уште помалку ќе обезбедите сполотеност и единство. Ќе ‘купите’ некој ден повеќе да бидете на власт, но народот ќе ве казни.

Национален, државен и граѓански интерес е да се организираат избори и да се проверат политиките кои се нудат“, соопшти ДС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ