„ДУИ, заедно со Маричиќ и Ковачевски, ја водат надворешната политика, која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка, посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без притоа да се направат пошироки консултации.
За почеток, од функцијата треба да се повлече Бујар Османи, кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците, но и на другите граѓани, а ги загрози и европските перспективи на Македонија.
Владата нема поддршка од граѓаните, ниту од мнозинството во Парламентот, поради што неопходни се избори, како демократски чин за промена на власта“, соопшти ДС.






