Активни се уште пет пожари и тоа во Општина Македонски Брод кај селото Белица каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума, потоа во Општина Штип на планината Серта каде гори нискостеблеста и деградирана шума, пасишта горат кај село Врапчиште, во Општина Могила гори стрниште и ниска вегетација во пределот меѓу селата Могила и Беранци, како и кај селото Бигла во Општина Делчево, каде гори шума и ниска вегетација.
ЦУК во соопштението ги наведува 28 – те изгаснати пожари во последното деноноќие:
– Општина Сарај, три пожари, кај с.Кондово (ниска вегетација, трска и дрвја),
– Општина Сарај, с.Грчец (ниска вегетација) и крај автопат Скопје – Тетово (каде што горела ниска вегетација);
– Општина Кисела Вода, предел во близина на Марков Манастир (ниска вегетација)
– Општина Гази Баба, депонијата Вардариште;
– Општина Битола, два, с.Беранци (ниска вегетација) и кај с.Крклино (отпадоци),
– Општина Желино, с.Палатица (депонија);
– Општина Јегуновце, с.Ратае (ниви);
– Општина Боговиње, Ново Село (отпадоци)
– Општина Струмица, четири, кај с.Костурини (ниска вегетација), с.Сачево (стрниште), с.Просениково (ниска вегетација) и кај месноста „Софилари“ (ниска вегетација);
– Општина Василево, с.Василево (ниска вегетација и депонија);
– Општина Чашка, кај с.Горно Јабилчиште и кај с.Горно Врановце (ниска вегетација);
– Општина Кочани, два, во пределот меѓу с.Прибачево и с.Грдовци (стрниште) и меѓу с.Грдовци и с.Зрновци. (стрниште);
– Општина Куманово, три, кај с.Четирце (ниска вегетација и стрниште), с.Лопате (ниска вегетација и стрниште) и кај с.Романовце (ниска вегетација и стрниште);
– Општина Старо Нагоричане, меѓу с.Никуљане и с.Четирце (ниска вегетација и стрниште) и во
– Општина Крива Паланка, два пожара, кај с.Луке (ниска вегетација и борова шума) и кај с.Конопница (каде што горела депонија).






