„Поради сомнеж возилата се селектирани за детален преглед. Притоа, во едното возило во багажниот простор е откриен рачен и индустриски алат со вкупна вредност од 83.841 денар, којшто лицето не го пријавило кај царинските органи, со што сакало да избегне плаќање на царина и ДДВ во вкупен износ од 16.241 денар.

Во второто возило во пределот кај совозачкото седиште и зад него, како и во багажниот простор се откриени 453 парчиња мобилна галантерија – слушалки, полначи и кабли за полначи, заштитни стакла, аудио адаптери, микро СД мемориски картички и заштитни стакла за мобилни телефони. Вкупната вредност на непријавената мобилна галантерија изнесува 271.167 денари за којашто лицето требало да плати вкупно 51.547 денари за царина и ДДВ.

Стоката е одземена, а против лицата се поднесени соодветни пријави“, велат од Царината.








