Османи за Македонија рече дека гради мирољубива политика кон соседите, споровите ги решава преку дијалог, во државата се гради мултиетничка демократија и нагласи дека на земјата треба да ѝ се даде шанса да се приближи кон ЕУ преку конкретни краткорочни мерки.
„Северна Македонија никогаш не одела по пократкиот пат во однос на исполнувањето на критериумите за влез во ЕУ и ќе продолжи и понатаму да чекори сигурно, обезбедувајќи ја иднината на своите граѓани и напредокот на земјата, преку спроведување на реформската агенда, но, токму заради тоа, треба да вбризгаме поголема кредибилност на процесот, подразбирајќи повеќе интеграција пред членството“, нагласил Османи, како што е пренесено преку соопштението од МНР.