Ковачевски како да е исчезнат, но тој не треба да се крие туку треба да се појави и, како што наведува Беса, да даде отчет пред јавноста за овие прашања:
Дали молчи затоа што ја брани ДУИ? Дали молчи затоа што тој и неговото семејство се збогатуваат на ист начин, кога се знае дека набавката на државен имот од фирмата на неговата сопруга е за 1 евро за m² за изградба на соларна хидроцентрала? Дали молчи затоа што можеби тој и неговото семејство имаат рака во новите хидроцентрали кои членовите на семејството на Али Ахмети се обидуваат да ги отворат?
„Додека Димитар Ковачевски е на чело на Владата, а молчи за скандалите иако има сериозни сомнежи за корупција, дали тоа значи дека станува и соработник на првиот човек во ДУИ и на членовите на неговото семејство? Движењето БЕСА оценува дека оваа влада со овие лидери не може да се бори против криминалот и корупцијата бидејќи постојат сериозни сомневања дека лидерите на власта се самите генератори на криминалот и корупцијата. Затоа, ако сакаат да се борат против криминалот и корупцијата, мора итно да поднесат оставки за да се ослободат институциите од нивните канџи и да почне чистата војна против криминалот и корупцијата“, реагира Беса.






