„Во текот на денешниот ден при редовно извршување на летачка обука во воздухопловниот ВИНГ, следејќи ги безбедносните процедури поради појава на сигнализациско предупредување на инструментите за појава на грешки во работа на моторот, во времето околу 14.30 часот е пристапено кон принудно слетување во реонот на селата Средно Коњаре и Долно Коњаре, во реонот на Петровец.
По безбедното слетување на хеликоптерот се преземени сите стандардни оперативни процедури за обезбедување на местото до утврдувањето на причината на кварот и оспособување на хеликоптерот. Нема никакви оштетувања на хеликоптерот и посадата е безбедно слетана„, се вели во соопштението.
Фото: Архива на Министерство за одбрана






