петок, 5 декември 2025

Анкетната комисија да продолжи со работа, бара ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ бара со работа да продолжи Анкетната комисија за онкологија имајќи ги и предвид сознанијата, како што е наведено, до кои дојде партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата ‘Диво месо’ го јаде системот.

Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.

Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор.

Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има“, се вели во соопштението..

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ