понеделник, 11 август 2025

Алтернатива: Воздржаниот глас на Македонија во ОН за прекин на огнот е глас за војна и насилство

Алтернатива со соопштение реагира на веста дека Македонија во Обединетите нации гласала воздржано за резолуцијата за хуманитарен прекин на огнот во израелско-палестинскиот воен судир и се огради од тој став. Со воздржаниот глас политичкиот субјект кој го раководи Министерството за надворешни работи и македонската власт во целина, докажаа дека се за војна и насилство иако цивилните животи и мирот треба да се над сѐ, се вели во реакцијата на Алтернатива.

Објавено на

часот

Сподели

Вечерва, кога во организацијата на Обединетите нации, на предлог на Јордан, 120 земји во светот гласаа за резолуцијата за хуманитарен прекин на огнот, Македонија, за жал, беше воздржана, а 14 земји беа против, наведува Алтернатива и нагласува дека Македонија не најде храброст  да ја поддржи оваа резолуција..

„Ова е причината поради која Алтернатива се оградува од воздржаниот глас на Северна Македонија и го оценува како глас против мирот, против прекинот на огнот и против хуманитарна помош за загрозените цивили во Појасот Газа. Знаеме дека тоа е направено по инструкции на Министерството за надворешни работи и тој факт значи дека министерот за надворешни работи и субјектот кого тој го застапува, како и власта во целина, се сервилни и се во состојба да поддржат насилство и војна.
Се разбира, и покрај ваквиот глас на Северна Македонија, Алтернатива ја поддржува донесената резолуција во Обединетите нации, за која гласаа и земји како Франција, Белгија, Швајцарија, Словенија итн., кои повикаа да се прекинат борбите во Појасот Газа и да му се даде шанса на дијалогот. Цивилните животи треба да се над сѐ“, се вели во реакцијата на Алтернатива.
политички.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ