„Наместо Бујар Османи да унапредува и именува во дипломатијата десетици искусни Албанци, кои со години се шетаaт по ходниците на МНР и никој не им обрнува внимание, тој се одлучува за еден сосема нов и неискусен човек и го праќа во главниот центар на дипломатијата.
Ова, освен што е штетно за дипломатијата на нашата земја, освен што произведува лоша слика за Северна Македонија, туку е и разочарувачки за секој млад Албанец, кому не му чичко Али Ахмети и кој го нема презимето Ахмети. Затоа, не можеме да не се прашуваме „Уште колку внуци му останале на Али Ахмети, за некогаш да им дојде редот и на другите млади Албанци’?.
Како и да е, АлтернАтивА бара истрага за назначувањето на Бесијан Ахмети во Амбасадата во Брисел, како и објаснување и одговорност од министерот за надворешни работи за ова назначување“, се вели во реакцијата на Алтернатива.






