Алармантните бројки ги гледаме и во пракса. Го слушаме како проблем на секоја средба со граѓаните и во секое семејство што го посетуваме. Речиси и да нема албанско семејство кое во последните години не испратило младо лице на Запад. Сето тоа поради немањето перспектива кај нас, длабоката економска криза, непотизмот и партизираноста на институциите.
Целата оваа миграција, која ја празни Северна Македонија од Албанците, има една адреса и еден сценарист: ДУИ и Али Ахмети. ДУИ две децении на власт не успеа да создаде услови за економскиот развој на регионите населени со Албанци, не успеа да создаде работни места, да го зајакне образованието.
Се докажа дека ДУИ за 20 години на власт размислуваше само за благосостојбата на своите функционери и нивните семејства. Членовите на семејството на Али Ахмети сега трошат милиони за да купат трговски центри, како Соравиа, додека повеќето албански семејства ги испраќаат своите синови на Запад за да ја обезбедат нивната егзистенција.
Ова злосторство врз албанскиот народ, со неповратни национални последици, мора и ќе заврши на следните парламентарни избори. Албанците ќе ја осудат ДУИ за своите антинационални политики“, соопшти Алтернатива.
Алтернатива: ДУИ и Ахмети се виновни за алармантниот егзодус на младите Албанци

Објавено на
часот





