„Како партија која се залага за почитување на човечките права, без обѕир на нивниот етнички и религиозен идентитет, сметаме дека тоа што се случува во Газа зазема размери на воено злосторство, кое утре може да се третира и како геноцид.
Поаѓајќи од тоа, како и покажувајќи солидарност со жртвите, го повикуваме цивилизираниот свет да не дозволи еден нов холокауст, за кој утре може да жалат сите“, соопшти Алтернатива.
Алтернaтивa: Бомбардирањето на болницата во Газа е последен аларм за цивилизираниот свет
Според известувањата на медиумите, нападот на Израел врз Појасот Газа, со цел одмаздување кон неодамнешниот напад на Хамас, зазема тешки размери. Израелскиот напад опфатил бомбардирања на болници, училишта и
населени згради, извршувајќи при тоа убиство на повеќе од 3000 цивили, од кои околу 1.000 се деца, а над 1.000 се жени. Освен нив, преку еден милион луѓе се веќе преселени од нивните домови или се останати без кров над
глава. Но, фактот што вчера во нападот врз болницата „Ал Ахли“ во Газа се убиени над 500 цивили, треба да биде последниот аларм за светот дека осветувањето го допира дното, се вели во реакцијата на Алтермнатива.

Објавено на
часот





