понеделник, 26 јануари 2026

Алтернатива, Беса и ДД: Скандалите со игрите на среќа се поврзани само со Артан Груби

„Деновиве продолжуваат да се обелоденуваат скандали поврзани со Артан Груби и бизнисите со игрите на среќа. Неодамна беше објавено дека „Лотарија на Македонија“, со која раководи поранешниот асистент на Груби, Прпарим Бајрами, изнајмила објект вреден 2,6 милиони евра од фирма во која има удел и уште еден поранешен вработен кај Артан Груби – Шабан Амзовски, кој од друга страна е и член на Управниот одбор на Лотарија на Македонија. Значи, сè што е поврзано со бизнисот со игрите на среќа во Македонија се врти околу името на првиот вицепремиер на ДУИ, Артан Груби“ изјави Дритон Сулејмани од опозицискиот блок на Албанците, на прес-конференција одржана пред Лотарија на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

„По овие информации, конечно се сети да дејствува и финансиската полиција и тука се чини дека алармот е вклучен. Според наши информации, поранешниот асистент на Артан Груби, актуелниот директор на „Лотарија на Македонија“ сака да поднесе оставка, но некој му врши притисок да не го прави истото.

Јавно го прашуваме директорот на „Лотарија на Македонија“, Прпарим Бајрами, дали сака да поднесе оставка и дали неговиот шеф, Артан Груби, му врши притисок да не го прави тоа? Доколку одговорот е позитивен, ние сме подготвени да му помогнеме да се ослободи од тој притисок, под услов тој да соработува со обвинителството. Оваа влада на СДСМ и ДУИ единствениот успех го има во игрите на среќа и црните бизниси, кои опфаќаат суми од стотици милиони евра. Сè друго, вклучително и темата за интеграциите и уставните измени, се само празни изјави, со кои ја залажуваат јавноста. 

Среќата во оваа несреќа е што по неколку месеци ќе има избори и граѓаните ќе се ослободат од оваа корумпирана и криминализирана политичка класа, која утре ќе даде отчет за сите овие валкани работи“, рече Сулејмани во името на Алтернатива, Беса и Демократско движење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ