недела, 8 февруари 2026

Aлијанса за Албанците: Владата манипулира, немаме најниски цени на горивата, имаме најмала просечна плата

Објавено на

часот

Сподели

„За да се утврди дали цените на горивата се евтини или не, тие треба да се споредат со просечната нето плата во една земја. Северна Македонија има поевтина цена за центи во споредба со земјите во регионот, но има помала плата која во споредба со некои земји е идвојно помала. На пример, просечната нето плата во Северна Македонија е 486 евра, додека во Босна 515 евра, во Црна Гора 527 евра, во Србија 634 евра и во Хрватска двојно повисока или 962 евра. Според овие официјални податоци, цената на горивото варира од 5 до најмногу 15 отсто или неколку центи, додека просечната плата варира од 30 отсто до 100 отсто или стотици евра.

За да имаме појасна вредност на цената на горивата и просечната плата, потсетуваме дека во Северна Македонија со просечна нето плата може да се купат 342 литри дизел, додека во Бугарија 456 литри, во Србија 409 литри, во Грција 655 литри и во Хрватска 656 литри дизел.

Уште еднаш ја повикуваме Владата итно да ги намали акцизата и ДДВ-то за горивото и да стави крај на грабежот на граѓаните во услови на криза“, се вели во денешното соопштение на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ