„Овие две точки создаваат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција.
Не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8,5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност. Не е веродостоен и бројот од околу 12% на граѓани во дијаспората. Ова поради тоа што многу меѓународни инстанци, како што е Светската банка и Еуростат непрекинато велат дека најмалку околу 30% од граѓаните на Северна Македонија ја напуштиле земјата во последните децении.
Постои контрадикција меѓу изјавите на директорот на Државниот заводот за статистика по завршувањето на пописот со соопштените резултати. Тој изјави дека вкупниот број на попишани граѓани резидентни и нерезидентни во државата е 2.037.000. Според објавените резултати таа бројка е 2.098.000. Ако пописот е завршен на 30 септември, се поставува прашањето од каде произлегоа 60.000 граѓани повеќе што се запишани по крајниот рок – 30 септември“, изјави Снопче.
Халил Снопче, пратеник на АА






