понеделник, 8 декември 2025

Алијанса за Албанците: Правдата ќе ги стигне заштитените мечки од ДУИ

Објавено на

часот

Сподели

„Ние остануваме при нашите ставови дека судството во земјата е политизирано, но овој пат нивната намера наиде на тврда пречка, затоа што од спротива ја имаат американската правда. На оваа правда нема да можете да ѝ избегате. Освен корумпираните политичари, наскоро одговорност ќе сносат и тие судии и обвинители коишто ги одолговлекувале, криеле и амнестирале нивните криминални дејствија. Овие денови, Заменик помошникот на државниот секретар за Јужна и Централна Европа, Габриел Ескобар, најави дека црната листа на САД ќе биде дополнета и со други имиња од политиката од земјите на Балканот. Бидете убедени дека од оваа правда нема да можат да ве спасат ниту ‘сваровски“, ниту ‘витон’ судиите и обвинители. Правдата ќе ги достигне и ќе ги погоди и мечките на ДУИ заштитени од последователните режими во земјата“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ