понеделник, 8 декември 2025

Алијанса за Албанците: Намалување на акцизата за горивата и ДДВ-то

Објавено на

часот

Сподели

„Предложуваме намалување на данокот на додадена вредност, ДДВ, од 18% на повластена стапка од 5%, исто како што направија и со цената на струјата што исто така беше предлог на Алијанса за Албанците и резултираше позитивно иако првично Владата беше скептична и одбиваше.
Бидејќи цените на светските берзи секојдневно се зголемуваат, ние предлагаме Владата да примени замрзнување на даноците и акцизите, на ниво на вредноста од пред една недела (28 февруари), значи да примени максимален лимит на цената за овие показатели.
Да се намали на можниот минимум и трговската маржа од трговците на мало.
Овие мерки треба да се преземат час поскоро, бидејќи поскапување на цените на горивата се предвидува и во деновите во текот на следните недели.
Сакаме да нагласиме дека намалувањето на акцизата и ДДВ-то кое што го предлагаме во никој случај не му штети на државниот буџет, бидејќи приходите ќе бидат исти со тие пред поскапувањето на електричната енергија на берзите. Во спротивно, одржувањето на акцизите и ДДВ-то на моменталното ниво претставува додатен профит за Владата на сметка на граѓаните. Поточно, Владата со овие даноци уште повеќе ја зголемува веќе додадената вредност на горивата и прави бизнис во време на криза, додека многу други одговорни држави бараат решенија за да им ги ублажат последиците на граѓаните“, соопшти Алијанса за Албанците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ