понеделник, 9 февруари 2026

Алијанса за Албанците: ДУИ-зираната полиција да ги апси криминалците, а не студентите

Објавено на

часот

Сподели

„Обвинувањата дека студентите незаконски снимале и објавиле не важат, бидејќи снимањето е направено во јавна институција, а не во приватна куќа, а јавниот интерес е поважен од личниот.  По осудата од студентите, полицијата треба да оди во Кичево и да ја уапси таа што ги малтретираше студентите, а не студентите кои имаа храброст да го пријават и осудат овој скандал.

Го потсетуваме Али Ахмети и ДУИ дека студентите се тие кои ја растурија Југославија и дериватите на тој систем не можат да ги задушуваат студентите и гласот на студентите.

Внимателно ја следиме оваа ситуација и ги поддржуваме студентите. Но, откако ДУИ и целиот државен апарат се стави на служба и одбрана на професорката насилничка, ние се чувствуваме обврзани директно да застанеме во заштита и одбрана на студентите. Од денеска ние сме заедно со студентите и на располагање ги ставаме сите наши можности“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.

Студентите од сите четири години на Факултетот за уметности на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ) бараат да се смени Бесиана Мехмеди, професорка по музика која го предава предметот Историја на музика, а има завршено соло-пеење. За студентите таа е „некомпетентна“,  „не е соодветна за предметот што го предава“, „нѐ навредува“ и тие бараат нејзина смена.

Двајца студенти кои пред неколку дена заедно со нивните колеги протестираа против однесувањето на професорката Мехмеди, биле повикани во полиција поради објавена аудиоснимка. Студентите Арди Лена и Блерон Велиу велат дека не сториле кривично дело. Велиу вели дека бил во полиција, додека Лена за Алсат изјави дека е во Струга и очекува поканата да му стигне до тамошниот сектор за МВР.

Професорката обвинува дека на 21 март на Јутјуб била објавена нејзина аудио снимка без нејзина дозвола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ