недела, 8 февруари 2026

Aхмети со министрите од ДУИ во Приштина се сретна со косовскиот премиер Курти

Објавено на

часот

Сподели

„На оваа средба Ахмети и Курти разговараа за состојбата со пандемијата во двете држави, за состојбата во здравствените установи и за олеснувањето и отстранувањето на мерките во нашите држави, така и за меѓу граничното движење.

Други точки на разговор на оваа средба беа и патот Тетово – Призрен, автопатот Приштина – Скопје, заедничкото гранично управување, заедничкиот туристички центар во Попова Шапка и Брезовица, политичката ситуација во регионот, дијалогот меѓу Скопје и Софија, Белград и Приштина…

Двајцата соговорници разговараа и за поврзувањето на нашите два автопати Приштина – Блаце – Скопје, проект со многу приоритети за двете страни и кој се очекува наскоро да биде завршен.

Ахмети и Курти договорија и интензивни чекори во однос на заедничкото управување со границата и заедничкото претставување на туристичките капацитети меѓу Попова Шапка и Брезовица.

Дел од разговорот меѓу Ахмети и Курти беше и дијалогот Косово-Србија, процес кој треба што поскоро да се заокружи со меѓусебно признавање меѓу двете земји за да се одржи стабилноста и просперитетот на земјата и за подобра иднина на граѓаните, бидејќи според двајцата соговорници местото на целиот Западен Балкан е во големото европско семејство, во траен мир, безбедност, стабилност“, соопшти ДУИ.

 

 

Со почит,

Демократската Унија за Интеграција

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ